Владата и Европската инвестициска банка договараат нова кредитна линија за финансирање на мали и средни фирми, откако ќе се потроши постоечката тешка 100 милиони евра. Министерот за финансии Ставрески, и потпретседателот на ЕИБ, Сканапиеко, на денешната средба ги разгледуваа можностите банката да финансира и други проекти во земјава, како што се гасификацијата, коридорот 10, железничката пруга кон Бугарија. Искористеноста на кредитната линија е некаде околу 55 проценти со последните проекти што се одобрени. Сметаме дека процентот на искористеност е солиден и имајќи предвиде дека и во останатиот дел, еден добар дел од средствата се веќе во фаза на лоцирање и преговори со компании кои што би можеле да ги повлечат. Направивме некои измени во кредитната линија со цел да биде полесна, подостапна за компаниите. Што се однесува до локациите и до бројките во смисла на искористеноста на средствата сметаме дека се добри.
Владата и Европската инвестициска банка договараат нова кредитна линија за финансирање на мали и средни фирми, откако ќе се потроши постоечката тешка 100 милиони евра.
Министерот за финансии Ставрески, и потпретседателот на ЕИБ, Сканапиеко, на денешната средба ги разгледуваа можностите банката да финансира и други проекти во земјава, како што се гасификацијата, коридорот 10, железничката пруга кон Бугарија.
Искористеноста на кредитната линија е некаде околу 55 проценти со последните проекти што се одобрени. Сметаме дека процентот на искористеност е солиден и имајќи предвиде дека и во останатиот дел, еден добар дел од средствата се веќе во фаза на лоцирање и преговори со компании кои што би можеле да ги повлечат“, рече министерот за финансии, Зоран Ставревски.
„Направивме некои измени во кредитната линија со цел да биде полесна, подостапна за компаниите. Што се однесува до локациите и до бројките во смисла на искористеноста на средствата сметаме дека се добри“, изјави Дарио Сканапиеко, потпретседател на Европска инвестициска банка.